Двете македонски одбојкарски селекции ги очекуваат првите натпревари во квалификациите за континенталните првенства.
Машката денеска патува за Тбилиси, каде во сабота го започнува нов циклус на квалификации за Европскиот шампионат во 2026-та година.
Македонија за конкуренти ги има селекциите на Грузија и Грција.
Први противник во сабота ќе биде репрезентацијата на Грузија, против која напите одбојкари очекуваат победа. Без разлика на нашата предност во квалитетот, техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев бара внимателност во пристапот, во мечот што мора да се добие.
Натпреварот Грузија – Македонија ќе се игра во сабота во терминот од 14 часот. Потоа (25 август) ќе следува мечот во Скопје против Грците.