На Европското првенство (Б Дивизија) за кошаркари до 16 години во Скопје, денеска се играат дуелите од 4.коло по групи.

Македонските кадети се трето рангирани во групата „Д“. Ова откако вчера беа поразени од Естонците, а претходно ги совладаа Украина и Шведска.

Попладнево противник на Македонија ќе биде селекцијата на Австрија.

Пред избраниците на селекторот Александар Јованчев стои предизвик, сами да решаваат за својата „судбина“. Со победа македонските кадети ќе се вратат на второто место на табелата, па да не зависат од исходот на натпреварот Естонија – Шведска. Тој натпревар ќе се игра од 16 часот, а дуелот Македонија – Австрија од 18.30 часот.

Македонските кадети своите натпревари ги играат во СЦ „Кале“, а влезот е слободен.