Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години денеска ќе го игра третиот натпревар на ЕП во Скопје.
Во натпревар од 4.коло на Д групата Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Естонија.
Ова ќе биде дуел на двете селекции кои забележаа победи на првите два натпревари. Естонците покажаа дека се талентирана репрезентација и славеа убедливо над Австрија и Украина.
Дека противникот има потенцијал за највисок пласман потврдува и македонскиот селектор Александар Јованчев.
„Следува уште еден тежок натпревар со Естонија која е апсолутен фаворит во оваа можеби и најтешка група на првенството“, изјави Јованчев.
Влогот во овој натпревар е огромен. Победникот и дефинитивно ќе се го потврди местото во осумте најдобри, односно четвртфиналето.
Натпреварот Македонија – Естонија што ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 18.30 часот, ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.