Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, со нови три контролни натпревари ќе ја гради формата за квалификациите за Европското првенство.

Македонските одбојкари веќе зад себе имаат подолг период на подготовки, но и неколку одиграни контроли. Претстојните ќе послужат да се „избруси“ формата, но и тактички да се подготви тимот. Во него се враќа Лука Костиќ, кој го пропушти првиот период поради здравствени причини.

На 47-мото издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ што ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица, црвено-жолтите ќе одиграат два натпревари со Косово и Израел.

Денеска црвено-жолтите ќе имаат „спаринг“ тренинг со Израелците против кои натпреварот на турнирот „Чајка“ ќе го играат во сабота. Претходно, утре македонските одбојкари ќе го одиграат официјалниот натпревар со Косово.

Потсетување дека Македонијо во квалификациите за ЕП 2025-та, ќе игра против Грузија на гостински терен (17 август), односно против Грција на домашен (25 август). Возвратните натпревари ќе се играат следното лето.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

четврток МАКЕДОНИЈА – Косово 19 часот
петок Израел – Косово 19 часот
сабота МАКЕДОНИЈА – Израел 19 часот