Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија го освои златниот медал на Евробаскетот во Скопје.
На шампионатот (Б дивизија) за играчи до 18 години што се одржа во нашиот главен град, црвена-жолтите во финалето ја совладаа селекцијата на Австрија.
Во текот на целиот натпревар младите македонски кошаркари ја имаа предноста и го контролира резултатот. Веќе на полувремето водеа со 22 разлика. Борбено и пожртвувано, како и во текот на целиот шампион, одиграа избраниците на селекторот Горан Андреевски.
Таквата игра донесе и резултат, а конечниот во финалето гласеше 98-88 за Македонија.
Со осум победи во исто толку одиграни натпревари Македонија сосема заслужено се закити со златниот медал.
Она што е поважно, репрезентацијата од 18 години, следното лето ќе игра во елитната А дивизија на Европското првенство.