Македонските јуниор докажаа дека заслужуваа поголема почит и пред се поддршки од публиката. Со своите настапи на Евробаскетот во Скопје тие покажаа дека оваа генерација македонски спортисти знае како да се бори за националниот дрес.
Големото македонско срце уште еднаш се покажа да дело, па публиката можеше гордо да ги поздрави победниците.
Во СЦ „Борис Трајковски“ беа и Премиерот, Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски. Веруваме дека и ним им се исполни срцето по големата победа на Македонија над Бугарија во полуфиналето.
Меѓу гледачите беа и неколкумина сениорски репрезентативци, Војдан Стојановски Андреј Магдевски и Маслинко, како и селекторот на Александар Јончевски.
А, утревечер е борбата за златото. Кој и да биде противникот овие момчиња ќе се борат лавовски, а наше е да се собереме во уште поголем број и да ги поддржиме.