Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра вториот контролен натпревари против Швајцарија.
Вчерашниот прв дуел нашите одбојкари го загубија со 3-0 (25:23, 25:22, 29:27), а домаќинот го доби и четвртиот сет, којшто се играше со договор на двајцата селектора (25:22).
Селекторот Хари Наковски им даде шанса на сите одбојкари сакајќи да го провери нивниот потенцијал за она што претстои.
Македонија ја очекуваат квалификациите за Европското првенство 2025-та. Во нив, црвено-жолтите на патот до четвртото континентално првенство ќе се борат против селекциите на Грузија и Грција.
Македонија на 17 август ќе гостува кај Грузија, а во Скопје на 25 август ќе ја пречека Грција (20.15 часот).
Денешниот дуел со Швајцарија на гостински терен е само уште еден од низата кои одбојкарите ќе ги одиграа во овие подготовки.
Формата ќе се крева на турнирот „Чајка“ со уште два противника, а ќе има и дополнителен двомеч на домашен терен.