Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз го почна настапот на континенталниот шампионат.
Во Плоешти Романија, од денеска започнаа натпреварите во „Б“ дивизијата за кошаркарки до 18 години.
Македонските репрезентативки во првиот натпревар од А групната се поразени од врсничките од Ирска со 52-86 .
Утре (15 часот) во вториот натпревар нашите млади кошаркарки ќе играат против Грција.
Во оваа група за противнички македонските јуниорки ќе ги имаат и селекциите на Бугарија (вторник) и Норвешка (среда).