Младата кошаркарска репрезентација на македонија ја забележа и петтата победа на Евробаскетот во Скопје.
Македонските јуниори славеа во дуелот против Украина (83-72) со што го потврдија првото место во групата.
Исклучок на почетокот на натпреварот останатиот дел мина во знакот на нашите јуниори. Континуирано ја зголемуваа предноста која на полувремето изнесуваше и 22 поени разлика.
Во вториот дел дојде до опуштање, па Украинците се доближија на шест негатива. Но тоа беше се што сторија, па Македонија славеше со конечни 83-72 .
Утре е слободен ден на првенството, а натпреварите продолжуваат со дуелите во разигрувањата за пласман на 2 август.
Македонската репрезентација во четвртфиналето за противник ќе има селекцијата на Португалија која заврши како второпласирана во Д групата.