Македонскиот шампион Струга Трим Лум попладнево ќе игра реванш натпревар во Конференциската лига. Во рамките од второто квалификациско коло, стружани гостуваат во Ереван кај Пјуник.

Македонскиот шампион во овој дуел ќе влезе со гол предност остварена на првиот натпревар во Охрид, каде славеше со 2-1.

Тој пораз беше првиот за ерменскиот тим во дуелите со македонските. Затоа и мотивот на стружани ќе биде уште поголем во настојувањето да се продолжи со настап на европската сцена.

Победникот од овој натпревар ќе продолжи во третата елиминациска рунда во која за противник ќе го има подобриот од дуелите Дифедарданж (Луксембург) и Ордабаси (Казахстан).

Денешниот дуел меѓу Пјуник и Струга ТЛ ќе почне во 18 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.