Македонскиот шампион Струга Трим Лум е елиминиран од Конференциската лига. Во реваншот против Пјуник одигран во Ереван, Струга загуби со гол промен во 96-тата минута.

Во рамките од второто квалификациско коло, стружани на гостувањето заминаа со предност од 2-1 остварена на првиот меч. Но, во возвратниот натпревар загуби со 1-3, па со вкупни 3-4 го заври двомечот.

Предност стружани ја загубија уште во првиот дел, откако домашните постигнаа два гола. Со погодоците на Дебле во 16-тата и Коваленко во 45.минута Пјуник поведе со 2-0. Во првиот дел се играа дополнителни пет минути а тоа го искористи Бесарт Ибраими на постигне гол и да намали на 1-2.

Така во вториот дел се влезе со вкупен израмнет резултат 3-3. Тој беше актуелен се до шестата минута од судиското дополнение. Кога сите ги очекуваа продолженијата, Коваленко со својот втор гол го одведе Плуник во следната рунда.

Со тоа и последниот македонски претставник во европските купови го заврши својот настап. Претходно во првата квалификациска рунда на истото натпреварување беа елиминирани Тиквеш и Шкендија.