Младата репрезентација на македонија за кошаркари до 18 годни ќе игра во четвртфиналето на „Б“ дивизијата на ЕП во Скопје.
Како и што се очекуваше, македонските јуниори ја остварија и четвртата победа во „ЦЕ групата. Тие попладнево го декласираа Кипар со 102-61.
Уште по првата четвртина која жолто-црвените ја добија со 11 разлика, јасно беше во кој правец ќе теќе натпреварот. Имаа и +45 избраниците на селекторот Андреевски, за на крајот да слават со 41 разлика.
Денеска петмина македонски репрезентативци постигнаа двоцифрен број на поени. Најмногу Стефан Стојковиќ 20, додека Коста Ририловски и МАрко Луканоски имааа ист ефект со по 17 поени и 9 скокови.
Македонија го потврди првото место во групата, без разлика на исходот на утрешниот натпревар против Украина. Со тоа македонските јуниори обезбедија пласман во четвртфиналето во кое ќе играат против второ пласираната селекција од Д групата. За таа позиција во директен дуел ќе решаваат Грузија и Норвешка.