Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ја забележа првата победа, во подготовките на евро-квалификациите.

На гостувањето во Колашин, македонските одбојкари со иста мера им се реваншираа на Црногорците за вчерашниот пораз. Денеска Македонија победи со 3:1 по сетови 23-25, 25-23, 25-23 и 25-22.

Тоа беа првите два од предвидените седум контролни натпревари за нашите одбојкари. Преку нив црвено-жолтите ќе ја градат формата за август месец, кога ќе играат во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

Македонија прво ќе и гостува на Грузија во Тбилиси (17-ти), а потоа во Скопје (28 август) ќе ја пречека Грција.