Македонската јуниорска репрезентација за кошаркари до 18 години ја оствари втората победа во „Б“ дивизијата на Европското првенство.
Во натпревар од 2.коло од „Ц“ групата, на шампионатот што се одржува во Скопје, Македонија славеше над БиХ со 99-87.
По трите израмнети четвртини, македонските јуниори одиграа фантастично во последниот период. Го сведоа противникот на само 15 поени, а постигнаа десет повеќе па на крајот заслужено се радуваа на нов триумф.
За разлика од првиот дуел против Ирска, овојпат избраниците на Горан Андреевски го намалија бројот на грешките, иако на крајот бројката на изгубени топки беше 21. Сега дури четворица кошаркари имаа двоцифрен број на поени.
Повторно најефикасен беше Јаничиќ со 31, додека Стојковиќ заврши со 18. Маријановиќ натпреварот го завршиш со 13, а на Кириловски ми фалеа два скока за дабл-даб (10 поени и 8 скокови).
Веќе утре (18.30 часот) црвено-жолтите ги чека нов тежок предизвик. Македонските јуниори ќе играат против врсниците од Чешка кои во првиот меч ја победија Украина со 22 разлика, а вечерва ќе играат против Ирска.