Македонската кошаркарска јуниорска репрезентација (У18) денеска го почнува настапот на Евробаскетот во Скопје.
Македонија за противници во „Ц“ групата редоследно ќе ги има: Ирска, БиХ, Чешка, Кипа и Украина.
За селекторот Горан Андреевски и неговите избраници сигурно најважно е шампионатот да се почне со победа.
„Дуелот против Ирците денеска е многу важен за нас.
Тие се физички посилна селекција од нашата, но и борбена.
Со максимален пристап, сепак верувам дека можеме до посакуваната цел“,
изјави селекторот Андреевски.
Во нашиот табор изминатите денови има и стомачен вирус кој ги премети текот на завршните подготовки, сепак селекторот верува дека момчињата ќе го дадат максимумот.
Целта е да се обезбедат првите две позиции што водат во четвртфиналето, а за тоа ќе мора да се остварат барем три победи.
„Реално, наши ривали во групата се селекциите на БиХ и Украина кои имаат одлични индивидуалци и репрезентации.
По мене тоа се и селекциите кои претендираат на финале, а со тоа и пласман во “А“ дивизијата.
Доколку успееме да победиме барем една од нив, а претходно да си ги завршиме обврските со останатите противници, тогаш имаме шанси за четвртфинале.
Дури тогаш, може да мислиме за нешто повеќе.
Но ќе одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар“, заклучи Андреевски.
Денешниот дуел против Ирска како и останатите македонските кошаркари ќе ги играат во СЦ „Кале“ во терминот од 18.30 часот.
Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.