Младите македонски надежи со победа го завршија настапот на Европското првенство за ракометари до 20 години во Словенија.
Македонија и се реваншира на Франција за единствениот пораз на шампионатот и заврши како деветто пласирана.
Одлично прво полувреме одиграа избраниците на Радослав Стојановиќ. Постојано македонските младинци имаа предност меѓу 2 и 3 гола. Со два врзани гола, на одмор Македонија заминаа со највисоки +5 (15-10).
Во второто полувреме. Триколорите полека ја „топеја“ нашата предност и во 50.минута намалија израмнија на 25-25. Се играше гол за гол се до завршната последна минута во која се влезе со резултат 29-29. На 11 секунди до крајот Субашевски постигна го, за водство. Во последниот напад судиската двојка на секунда до крај им поклони седмерец на Французите, но фантастичниот Галевски го одбрани ударот и и донесе победа на Македонија со конечни 30-29.
Најефикасни во македонската репрезентација со по 6 гола беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев, додека Димитар Узунчев постигна 5 гола.
Така Македонија заврши како деветто рангирана селекција на шампионатот што броеше 16 репрезентации. Со малку среќа, немаше да биде незаслужено нашата селекција да биде во горниот дел од табелата.