Возбудувањата на Европското првенство за ракометари до 20 години во Словенија, завршуваат денеска. Покрај дуелите за распределба на медалите, на програмата се и натпреварите за пласман во конечниот поредок.
Младите македонски ракометари ќе играат за деветтото место, за кое ќе се борат со врсниците од Франција.
Овие две селекции играа и во втората фаза по групи. Триколорите тој натпревар го добија со 25-18.
Тоа беше и единствениот порез на овој континентален шампионат за избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ. Македонските младинци на тој натпревар беа конкурентни во првиот дел, но во вториот, цврстата и честопати груба игра на Французите судиите не ја санкционира.
Дали македонските младинци ја научија лекцијата и денеска тие ќе возвратат со иста мерка и ќе се „истепаат“ за победата, останува да видиме.
Натпреварот Македонија – Франција ќе се игра во терминот од 14 часот и 20 минути.