Шест од шест, но порази, за младинската кошаркарска репрезентација на Македонија на Евробаскетот во Полска. Со денешниот пораз од Исланд 116-87 , селекцијата на играчи родени 2004-та и помлади го упропасти она што другите го градеа за нив.

Македонските младинци следната година пак ќе играат во второлигашката „Б“ дивизија на шампионатот за играчи до 20 години.

Одиграа добро во првата четвртина и ја добија со шест разлика (20-14). Сепак, во втората, повторно на сцена стапи идеалното докажување. Резултат на таквата игра беа -14 во ток период, па противникот на одмор замина со предност (38-46).

Во второто полувреме, уште полошо издание на црвено-жолтите. Во третиот период примија дури 43 поени и се беше јасно. На крајот светската кошаркарска велесила, барем за нас славеше со 29 поени разлика.

Така сега на машите „таленти“ им останува да го одиграат последниот натпревар. Во него ќе се обидат да го избегнат дното на табелата.

Противник (утре) ќе биде поразениот од дуелот меѓу Црна Гора и Турција.