Младата ракометна репрезентација на Македонија до 20 години забележа нова победа на Европскиот шампионат. Во првиот дуел од разигрувањето за пласман од 9 до 12 место Македонијо ја победи Унгарија со 27-26.
Победнички менталитет и борбен карактер демонстрираа избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ. Во интересна натпреварот во кој ниту една од репрезентациите не успеа да направи поголема предност од три гола, црвено-жолтите заслужено се радуваа на победа.
Првиот дел им припадна на Унгарците со 16-14, кои со низа од 4-0 во финишот го свртеа резултатот во своја полза.
На стартот на вториот дел, противникот имаше и три гола предност, но нашите ракометари брзо ја анулираа. По израмнетите 20-20, македонските младинци врза три гола и тие поведоа со три разлика. Таа предност знаеја како да ја сочуваат пулените на Стојановиќ и славеа нова победа со 27-26.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Узунчев со осум и Карасманакис со пет гола.
За македонските младинци останува уште неделниот дуел за 9.место во конечниот поредок. Противникот ќе Франција која беше подобра од Хрватска. Инаку токму од Триколорите младите македонски ракометари го претрпеа единствениот пораз на првенството и тоа вчера.