Младинската репрезентација на Македонија денеска го продолжува настапот на Европското првенство за ракометари до 20 години.
На шампионатот во Словенија, денеска се играат дуелите во разигрувањето за пласман, како и полуфиналните натпревари.
Македонските младинци ќе разигруваат од 9 до 12 место во конечниот поредок. Прв противник е селекцијата на Унгарија која беше првопласирана во „Ј“ групата. Во вториот меч во овој сегмент од разигрувањето ќе се сретнат Франција и Хрватска.
Победниците од овие натпревари ќе играат за деветтата, а поразените за единаесеттата позиција во конечниот пласман.
Натпреварот Македонија – Унгарија ќе се играа во терминот од 14.20 часот, а потоа (16.40 часот) следи дуелот Франција – Хрватска.