Машката ракометна репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години денеска ги почна подготовките за Европскиот шампионат.
Селекторот на кадетите Наум Танески ја имаше првата прозивка на ракометарите кои се најдоа на неговиот список.
Од тој список на 23-ца ракометари недостасуваат Дамјан Митев и Самоил Ристевски,. Тие се со младинската селекција (У20) која настапува на ЕП во Словенија. Двајцата подоцна ќе се стават во функција на кадетската селекција.
Македонските кадети немаа среќа при ждрепката за Европското шампионати што ќе се одржи во Црна Гора од 7 до 18 август .
Нашите надежи ќе играат во „Б“ групата во која за противници ќе ги имаат репрезентациите на Германија, Франција и Полска.