Македонскиот првак Струга Трим Лум попладнево ќе го игра реванш дуелот против Слован Братислава. Тоа е натпревар од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Стружани во овој меч ќе влезат со негатива од два гола, откако на гостувањето во Словачка, загубија со 2-4. Но, на тој меч покажаа дека можат да ја „начнат“ противничката мрежа. Оттаму доаѓа надежта и вербата дека негативата не е недостижна.

„Имавме периоди каде што бевме доминантни, но имаше и периоди каде што не бевме на вистинското ниво.

И покрај двата гола минус што ги имаме, веруваме Словаците дека не се несовладливи. Мислам дека може да ја достигнеме разликата од два гола“,

изјави тренерот Ќатип Османи.

Ќе успеат ли стружани во својата намера останува да видиме по натпреварот што ќе се игра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид од 17 часот.