Македонскиот првак Струга Трим Лум е елиминиран од Лигата на шампионите. Попладнево стружани се поразени во реваншот од првото квалификациско коло од екипата на Слован Братислава.
Откако минатата недела загубија на гостувањето во Словачка со 2:4, денеска во Охрид, македонскиот првак беше поразен со 1:2.
На стартот на 9-тата минута гостите по брзата контра преку Вајс поведоа со 1:0.
Речиси на идентичен начин беше постигнат и вториот гол, но Кире Ристевски си постигна гол за водство на противникот од 0:2.
Вo вториот гостите рутински ја одржуваа предноста се до 85-тата минута кога Басиру Компаоре го посигна полесниот гол за македонскиот првак и го постави конечниот резултат 1:2.
И покрај поразот Струга ТЛ останува на европската сцена, но сега ќе продолжи во 2,коло од квалификациите за Конференциската лига. Во него за противник стружани ќе го имаат ерменскиот тим Пјуник.
Утре во првото квалификациско коло, реванш дуелите ќе ги играат екипите на Тиквеш и Шкендија.