Репрезентација на Македонијо, напладне ќе го игра натпреварот против Романија на ЕП за ракометари до 20 години во Словенија. По вчерашниот триумф над Полска, македонските младинци имаат можност со победа да го потврдат најмалку 2.место во И2 групата.

Романците вчера беа поразени од Франција, па Триколорите и црвено-жолтите се на првите две позиции на табелата. Тие водат во разигрувањето за пласман од 9 до 12.место во конечниот поредок.

Натпреварот, Македонија – Романија ќе почне во терминот од 12 часот.