Македонската младинска репрезентација славеше нова победа на Европското првенство за ракометари до 20 години. Во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 9 до 15.место нашите младинци беа подобри од полските со 28-26.

По почетното водство на противникот (0-2), македонските ракометари направија низа од 6-0 и поведоа со највисоки +4 (6-2). Имаа предност од три гола до 20.минута (10-7), по што следуваше пад во играта. Полјаците постигнаа четири, а жолто-црвените само еден гол па противникот поведе со (10-11). На пауза се замина со резултат 15-14 за Македонија.

Во второто полувреме. Избраниците на Радослав Стојановиќ го кренаа нивото на играта, пред се во одбраната. Тоа резултираше и со шест гола предност (26-20) во 48-тата минута.

Во нашата репрезентација по четири голови постигнаа Димитар Узунчев, Дамјан Митев и Мирче Калајџиески. Со еден помалку (3) завршија, Дамјан Субашевски и Валентин Карасманакис.

Утре (12 часот) македонските ракометни надежи ќе играат против Романија.