Младите македонски ракометари не успеаја да ја победат Австрија и да завршат како први во групата на ЕП во Словенија. Македонија имаше и напад за победа, благодарение на Иван Галевски кој беше неверојатен на голот.
Голманот на Алкалоид натпреварот го завршпи со дури 15 одбрани и неверојатни 48.39% ефектност, со што заслужено го полесе признанието најдобар играч на натпреварот.
Популарниот „Галец“ на моменти ги изнудуваше противничките играчи, но штета што тоа не го искористи репрезентацијата.
Во продолжение на „хајлајтсот“ од натпреварот Македонија – Австрија може да ги видите сите одбрани на Галевски.