Шампионот Струга Трим Лум попладнево ја отвора сезоната за македонските екипи на европската сцена. Стружани гостуваат во Братислава, кај најдобрата словачка екипа Слован во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Со неколкумина нови искуси фудбалери како и новиот тренер Ќатип Османи, стружани ќе се обидат да извлечат што е можно по поволен резултат пред реваншот за седум дена во Охрид. Слован важи за фаворит во овој двомеч, па јасно е дека македонскиот првак ќе има тешка задача да мине во втората фаза.
Но, и доколку не успее во тоа, Струга ТЛ ќе остана на европската сцена, а ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига. Таму стружани би играле со победникот од дуелот меѓу белорускиот Динамо Минкс и Пјуник од Ерменија.
Натпреварот меѓу Слован и Струга ТЛ ќе се игра попладнево во терминот од 19 часот.
Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.