Македонскиот првак Струга Трим Лум со пораз се враќа од гостувањето во Братислава во Словачка. Стружани се поразени од Слован со 2-4 во дуел од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Слован кој ја има улогата на фаворит поведе во 16.минута со голот на Владимир Вајс Јуниор.
Само три минути подоцна стружани ја затресоа мрежата на домаќините но голот беше поништен поради офсајд. Се закани уште во неколку наврати македонскиот шампон, но без резултат.
Затоа домаќинот по брзата контра во 36.минута преку Роберт Мак веќе создадоа два гола предност.
Во вториот дел стружани успеаја да се врати во игра. По акцијата на Бесарт Ибраими врз него беше направен пенал, а тој ја презеде одговорноста и погоди за 1:2.
Влегувањето на Марјан Радески ја „живна“ играта на стружани. Во 74-тата минута со неговото двојното проигрување, Шабани го пронајде Ибраими кому не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Таман стружани се понадеваа дека можат да извлечат одлично реми пред реваншот, Слован постигна два нови гола, преку Јурај Куцка. Во 85-тата минута го совлада слабиот денеска дебитантот на голот на стружани Дујмовиќ, а потоа и во 90.минута за конечни 4-2 за Слован.
Реванш дуелот на програмата е за седум дена, а ќе се игра на „Билјанини Извори“ во Охрид.
Доколку не успеат да го минат Слован во Лигата на шампионите, стружани ќе продолжат во квалификациите за Конференциската лига.