Во четврток екипата на Тиквеш ќе го игра првиот натпревар од квалификациите во Конференциската лига. Дуелот протов исландскиот Бреидаблик е презакажан во нов термин.
Имено натпреварот што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, наместо во попладневен, ќе се игра во вечерен термин.
Високите температури кои владеат во нашиот главен град се причината поради која УЕФА реши за го презакаже натпреварот. Така наместо да почне од 17.30 часот, натпреварот ќе се игра ќе стартува три ласа подоцна, односно од 20.30 часот.
Истиот ден фудбалерите на Шкендија ќе гостуваат во Ерменија кај тимот на Ноах. Почетокот на тој натпревар е од 18 часот.