Познат е и вториот полуфинален пар на Копа Америка, а него го сочинуваат селекциите на Уругвај и Колумбија.
Ова е исходот по ноќеска одиграните два полуфинални дуели во кои Уругвај го елиминира Бразил, а Колумбија ја декласира Панама.
Во дербито на оваа рунда Уругвај по подоброто изведување на пенали со 4-2 го совлада Бразил.
Кариоките од 73.минута имаа фудбалер повеќе, откако црвен картон кај Уругвај заработи Нандез. Тоа Бразилците не го искористија, па по 120.минути игра резултатот остана почетниот 0-0. Во пенал серијата Милитао и Луис Даглаз не реализираа, па Уругвај славеше со 4-2.
Колумбија пак, лесно и убедливо со 5-0 ја торпедира Панама. Стрелци на головите беа: Кордоба (8.минута), Родригез (15), Дијаз (41), Риос (70) и Мигел Борха (90+4).
Така Уругвај и Колумбија во четврток наутро (2 часот) ќе се борат за место во финалето. Ден порано (вторник, 2 часот) ќе играат Аргентина и Канада.




































