Македонската кадетска репрезентација за одбојкатри до 18 години, претрпе пораз од Србија на Балканското првенство во Тирана.

Откако вчера во 1.колоо младите македонски одбојкари ја совладаа домашната Албанија, попладнево тие се поразени од Србите со 3:0.

Во првиот сет црвено-жолтите беа рамноправи само до 4-4, по што противникот набрзина се одлепи на +5 разлика. Предноста Србите ја зголемува и го добија сетот со 25-14.И во вториот сет иста слика со тоа што противникот нешто подоцна ја направи разликата за водство од 2:0.

Младите македонски одбојкари одиграа најдобро во третиот сет, но не доволно да го добија, И тој им припадна на Србите 25-19 за конечни 3:0 во сетови.

За Србите ова беше втора победа на првенството откако вчера ја совладаа Црна Гора со 3-0. Црногорците попладнево ќе играат против аутсајдерот Албанија, па утрешниот меч со Македонија директно ќе решава за второто место.