За денеска беше закажано рочиште за т.н. случај „Ваучери“ во кој Јавното обвинителство поведе обвинение за злоупотреба против 12 лица.
Поради отсуство на поранешниот директот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, рочиштето не се одржа.
Следното е закажано за 9 јули.
Во меѓувреме Претседателот на МОК, Даниел Димевски поднесе „контра тужба“ против четири лица меѓу кои и Лидија Раичевиќ која е застапник на обвинението во случајот „Ваучери“.