По слободниот ден на Светското првенство за ракометарки до 20 години што се одржува во во Скопје, денеска продолжуваат натпреварите.
Женската младинска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место.
Наш прв противник ќе биде репрезентацијата на Јужна Кореја. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ со почеток од 15:45 часот.
Доколку црвено-жолтите денес победат, ќе играат во петок, против победникот од дуелот меѓу Египет и Кина. Но, ако нашите младинки загубат ќе се борат за 15 место против репрезентацијата која ќе загуби (Египет – Кина).
За жал Македонија не успеа да се вброи меѓу осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето, а тоа се: Холандија, Швајцарија, Унгарија, Данска, Франција, Шведска, Португалија и Исланд.
Натпреварот Македонија – Ј.Кореја може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Ивона Кимовска