Македонската младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години славеше победа против врсниците од Грција. Во првиот од двата тест натпревари во Верија, Македонија ја совлада Грција 28:24 полувреме 15-12.

Утре (11 часот) на истото место ќе се одигра и вториот контролен меч.

Овие натпревари како и дуелите со Словачка на 5 и 6 јули, се дел од подготовките на македонските младинци за настап на Европскиот шампионат во Словенија.

на првенството што ќе се игра од 10 до 21 јули, Македонија за противници ќе ги има Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Македонија на Европското младинско првенство, Словенија 2024

Следете нé на нашите социјални мрежи