Македонскиот првак екипата на Струга Трим Лум го очекува тешка задача во првото квалификациско коло за Лига на шампионите. Стружани немаа среќа при ждрепката, па за противник го добиеја словачкиот претставник Слован Братислава.
Првиот натпревар во Братислава, ќе се игра на 10 јули со почеток од 19 часот. Реванш дуелот стружани ќе го играат во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“. Тој меч е закажан за 17 јули од 17 часот.
Доколку успеат да го милат Слован фудбалерите на Струга ТЛ во 2.коло на Лигата ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу естонскиот тим Флора од Талин или словенечкиот Целје. Пораз би знаел преселба во Конференциската лига во која би играле со Динамо Минск или Пјуник.