Шестиот ден на Светското првенство за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје, носи нов настап на Македонија.
Младите македонски ракометарки попладнево ќе го одиграат четвртиот натпревар на Мундијалот. Тоа е дуелот против Португалија во рамките од 1.коло на осминафиналната група 4 .
Откако ја минаа првата групна фаза, македонските младинки сега ќе имаат потешка задача.
Дуелите со далеку поквалитетните противници, но и предизвикот дека оваа рунда ја почнуваат без бодови. За разлика од Македонија и Црна Гора, Португалија и Исланд пренесоа по два бода.
Евентуален триумф во дуелот со Португалија, ќе ги врати шансите на Македонија за освојување на првите две позиции што носат четвртфинале.
Затоа на младите македонски ракометарки неопходна им е и поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот Македонија – Португалија ќе почне во 16.15 часот, a оние кои не можат да бидат во сала, дуелот може да го гледаат ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
Ивона Кимовска