На Светското првенство за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје, денеска стартува втората фаза по групи.
Познати се 16-те селекции кои ќе играат во главната, осминафинална рунда, како и оние кои ќе разигруваат за понизок пласман.
Репрезентација на Македонија со вчерашната убедлива победа над Ангола ја оствари целта и се пласира во ТОП-16. Сега младите македонски ракометарки ќе имаат уште потешка задача, но и предизвик да се вбројат меѓу четвртфиналистите.
Задачата нема да биде нималку лесна имајќи в предвид дека во втората фаза Македонија не пренесе ниту еден бод. Така Португалија и Исланд кои ќе стартуваат со два бода, се во голема предност за освојување на првите две позиции што носат четвртфинале.
Македонските младинки, денеска се слободни, а натпреварите ќе ги продолжат во утре со дуелот против Португалија. Ден подоцна (вторник) ќе играат против Црна Гора.
Денеска на првенството се играат вкупно осум натпревари.
Ивона Кимовска