Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра третиот натпревар Светското првенство за ракометарки до 20 години во Скопје.
По вчерашниот пораз од Исланд, македонските младинки денеска за противнички ги имаат врсничките од Ангола.
Двете репрезентации во овој дуел ќе влезат со идентичен учинок, по една победа и пораз. Затоа избраничките на секторот Дарко Јанев ќе мора да слават победа, доколку сакаат да се пласираат во главната фаза на Мундијал.
На нашите млади ракометарки потребна им е поддршка, па тие апелираат љубителите на ракометот да дојдат во што поголем број во СЦ „Борис Трајковски“.
Влезот е слободен, а натпреварот меѓу Македонија и Ангола ќе почне 20:15 часот.
Оние кои нема да можат да бидат на лице место, натпреварот ќе може да го гледаат ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
Ивона Кимовска