Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, попладнево повторно ќе игра со врсниците од Црна Гора.
Откако вчера избраниците на селекторот Боро Смилковски беа поразени (66-55), денеска ќе се обидат да им се реваншираат на Црногорците.
На вчерашниот дуел, само двајца напи репрезентативци постигнаа двоцифрен број на поени. Најмногу 15 реализации Стојаноски, додека Бошалески додаде 11.
овие натпревари за двете селекции се дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржува во полскиот град Гдиња.
Попладневниот натпревар меѓу Црна Гора и Македонија ќе се игра на истото место, во салата „Воцо“ во Подгорица, од 18 часот.