Трет ден натпревари на Светското првенство за ракометарки до 20 години, што се одржува во Скопје. Тој го носи и дербито на колото, важен за нас.

Македонија денес ќе се соочи со репрезентацијата на Исланд. Двете репрезентации го почнаа Мундијалот со убедливи победи, па сега во меѓусебен дуел ќе решаваат за 1.место во Ц групата.

Нашата репрезентација во првото коло лесно ја совладаа репрезентацијата на САД со 32:15. Но на овој натпревар ја загуби Бојана Коцева која се повреди. Селекторот Јанев и пред стартот на шампионатот не можеше да Марија Јанкуловска, која се здоби со скршеница на стапалото. Така Јанев веќе направи нова „комбинација“, па во тимот ја повика Ева Ѓорѓиевска средниот бек на Илинден Вардар.

Инаку против Исланд нашите младинки одиграа контролен меч пред пет дена. На турнирот во Автокоманда, гостинките го добија дуелот за првото место совладувајќи не се 32:29.

Денешниот натпревар е добра можност за црвено-жолтите за им се реваншираат на Исланѓанките и со победа да го освојат првото место во групата. Во неа ќе остане дуелот со аутсајдерот Ангола против која ќе играме во недела.

Натпревар Македонија – Исланд е закажан од 18 часот, во СЦ ,,Борис Трајковски”, а ќе може да го следите (гледате) ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

Ивона Кимовска