Македонскиот првак Струга Трим Лум ги дозна можните противници за втората рунда во евро-куповите.
Стружани во првата , квалификациска во Лигата на шампините, ќе играат против Слован Братислава. Доколку го минат словачкиот предизвик, стружани во 2.коло би играле со подобриот од двомечот меѓу естонската Флора Талин и Целје од Словенија.
Во случај на елиминација, Струга ќе продолжи во 2,коло од квалификациите за Конференциската лига. Во него за противник стружани би го имале победникот од дуелот меѓу белорускиот Динамо Минкс и Пјуник од Ерменија.
Стружани првата обврска ќе ја имаат на 9 или 10 јуни, кога ќе гостуваат во Братислава.