Македонските претставници во УЕФА Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија, попладнево ќе ги дознаат своите противниците.

Во седуштето на УЕФА во Нион попладнево, ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло.

Екипата на Шкендија како носител е во прватата група, додека куп освојувачот Тиквеш во втората на неносителли.

Можни противници на Шкендија се: Вележ (БиХ(, Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија), Ислоч (Белорусија).

Кавадарчани пак, Тиквеш, за противник би добиле некоја од следните екипи: Бреидаблик (Исланд), Дуделанж (Луксенбург), Тре Пене (Сан Марино), Сент Јозеф (Гиблартар) и Крусеидерс (Северна Ирска).

Ждрепката ќе се одржи во 16 часот.