Македонскиот првак Стрига Трим Лум го дозна својот противник за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Стружани на денешна ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, немаа многу среќа.
Тие за противник ја добија словачката екипа Слован од Братислава, можеби најсилната во оваа конкуренција.
Според однапред утврдениот календар на УЕФА, првите натпревари од оваа рунда ќе се играат на 9/10 јули. Стружани ќе бидат гости на тој меч во Братислава, а реваншот пред домашната публика ќе го играат седум дена подоцна (16/17 јули).
Доколку не успеат да ги минат Слован фудбалерите на Струга ТЛ ќе продолжат во втората квалификациска рунда на Конференциската лига.
Во неа попладнево своите противници, но за првото коло, ќе ги дознаат и фудбалерите на Тиквеш и Шкендија.