Скопје, од 19 до 30 јуни 2024 година ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 20 години. Како „загревање“ за Мундијалот, младите македонски ракометарки играат контролни натпревари.
На мини турнирот што се одржува во скопска Автокоманда, македонските младинки остварија две победи и ќе играат во финалето.
Избраниците на селекторот Дарко Јанев, прво го победија Бразил со 38:29, а потоа беа подобри и од 34:31. Со тоа македонските младинки се изборија за финалето во кое ќе играат против Исланд.
Токму Исланд ќе биде и еден од противниците на Македонија во првата групна рунда на Мундијалот што почнува на 19 јуни (среда). Во групата црвено-жолтите ќе играат и против селекциите на САД и Ангола.
Денешното финале на турнирот во Автокоманда ќе се игра во терминот од 19 часот.
Ивона Кимовска