Две млади машки ракометни репрезентации на Македонија летово ги чека настап на Европските шампионатот. Повозрасната, младинска до 20 години ќе игра на првенството во Словенија, а помладата јуниорската до 18 години во Црна Гора.

Младинците предводени од селекторот Раде Стојановиќ, како подготовка ќе настапат на турнирот „Трофеј Карпати“.

На турнирот што ќе се одржува во Васлуи, од 27 до 29 јуни, покрај домаќинот Романија, противници на Македонија, ќе бидат репрезентациите на Србија и Полска.

На ЕП во Словенија, од 10 до 21 јули, Македонија ќе игра против Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Следете нé на нашите социјални мрежи