Во седиштето на УЕФА, денеска беа извлечени групите за квалификациите за Европско првенство во женска конкуренција за фудбалери до 17 и до 19 години.
Македонските репрезентации ги добија противниците за следната натпреварувачка 2024/2025 сезона во рамките на квалификациите.
Европското првенство до 19 години ќе се одржи во Полска 2025 година, а домаќин на завршниот турнир до 17 години ќе бидат Фарски Острови.
Репрезентација до 19 години се наоѓа во А лигата, во група 2 заедно со Франција, Словачка и Португалија.
А, помладата селекција до 17 години е во групата 3 од „Б“ лигата. Во неа македонските фудбалерки за противнички ќе ги имаат Унгарија, Литванија и Андора. Мини турнирот ќе се одигра од 1 до 9 ноември во Унгарија.