Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го заврши настапот во годинашното издание на Европската Златна лига. Иако го добија првиот сет, македонските одбојкари ги загубија следните три, па Шпанија славеше со 3:1 во сетови.

На последниот од трите турнири во Осиек, Македонија е поразена од Шпанија со 1:3.

Првиот сет, многу лесно го добија нашите одбојкари и тоа со осум поени разлика 25-17. Овие натпревари во Златната лига, беа дел од подготовките за она што претстои летово за македонските одбојкари. Во финишот на вториот попушти концентрацијата, па по 19-19, нашите одбојкари освоија само три поени. Шпанија го доби сетот со 25-22 и израмни на 1:1. Со ист резултат (25-22) заврши и третиот сет во кој противникот постојано беше во предност.

Ниту една од селекциите до средината на четвртиот се не успеа да се „одлепи“ резултатски па резултатот беше нерешен 14-14. Направија Шпанците 6-1 и поведоа со четири разлика (19-15). Toa се покажа како решавачи момент, па и тој сет Шпанците го добија пак со 25-22.

Македонија со пет порази и една победа го заврши својот настап во Златната лига во која ќе игра и следната сезона.

Тоа се квалификациите за Европскиот шампионат, против Грузија и Грција, преку кои ќе се брка нов настап на континенталните првенства.