Македонската машка одбојкарска репрезентација е во Риека, каде ќе ги одигра последните два натпревари од Европската златна лига.
По одличните игри минатата седмица на турнирот во Антверп, оптимизмот во редовите на нашата репрезентација е на високот ниво.
Еден од поискусните репрезентативци Владо Милев, веруваа дека Македонија може да оствари најмалку една победа на претстојните дуели.
„Имаме квалитет да се спротивставиме против Хрватска, а и на Шпанија.
Очекувам барем една победа, а зошто да не ја изненадиме и Хрватска“,
вели Милев.
Попладнево македонските одбојкари ќе го играат дуелот со домаќинот Хрватска. Почетокот на натпреварот е од 19 часот, а во истиот термин утре, Македонија ќе и се спротивстави на Шпанија.