Кошаркарите на Далас се пласираа во големото финале на НБА лигата во кое за трофејот ќе играат против Бостон.

Во петтиот натпревар од финалето на Западот, Далас лесно ја совлада Минесота со 124-103 и со 4:1 во победи ја затвори серијата. Клучна беше првата четвртина во која брилираше Лука Дончиќ. Тој постигна 20 од своите вкупно 36 поени, а Маверикс веќе на полувремето имаа 20+.

Во вториот дел Кајри Ирвинг беше оној кој ја одржуваше предноста, а и тој заврши со 36 поени.

Далас се пласира во своето трето големо НБА финале во кое за шампионскиот трофеј ќе игра против Бостон.

Финалната серија во четири добиени, ќе почне со два натпревари во Бостон, а првиот ќе се игра на 7 јуни.