Екипата Олимпијакос е победник во Конференциската лига на УЕФА. Во финалето на третото по квалитет европско клупско натпреварување, Олимпијакос ја победи Фиорентина со 1:0.

Регуларниот дел од натпреварот во Атина, мина претежно со внимателна игра, во која двете екипи повеќе размислуваа за својот отколку за противничкиот гол. Создадоа по некоја шанса, но ефикасноста беше очајна, па по 90-минути игра резултатот остана поенот 0:0.

Во продолженијата, екипата на Олимпијакос беше поконкретна. Јоветиќ се обиде од далечина, но неговиот удар голманот на Фиорентина, Терачиано го одбрани.

И кога почнаа сите да се подготвуваат за пенал серијата, во 115-тата минута Мароканецот, Ајуб Ел Кааби ја затресе мрежата на Фиорентина за ерупција на стадионот на АЕК.

Немаше време за виолетовите од Фиренца да ја анулираат негативата, па Олимпијакос за прв пат во својата историја се израдува на трофеј од европските купови.